<body><script type="text/javascript"> function setAttributeOnload(object, attribute, val) { if(window.addEventListener) { window.addEventListener("load", function(){ object[attribute] = val; }, false); } else { window.attachEvent('onload', function(){ object[attribute] = val; }); } } </script> <iframe src="http://www.blogger.com/navbar.g?targetBlogID=14818983&amp;blogName=%22%D0%8C%D0%B5+%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B8%D0%BC%D0%B5+%D0%BB%D0%B8+%D0%BA%D0%B0%D1%84%D0%B5+%3F%22+%D0%9F%D0%BE%D0%B7%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1%98&amp;publishMode=PUBLISH_MODE_BLOGSPOT&amp;navbarType=BLUE&amp;layoutType=CLASSIC&amp;searchRoot=http%3A%2F%2Fhowitz.blogspot.com%2Fsearch&amp;blogLocale=mk_MK&amp;homepageUrl=http%3A%2F%2Fhowitz.blogspot.com%2F" marginwidth="0" marginheight="0" scrolling="no" frameborder="0" height="30px" width="100%" id="navbar-iframe" allowtransparency="true" title="Blogger Navigation and Search"></iframe> <div></div>

Преспа !!

Истапшано на вторник, јуни 26, 2007 од страна на howitzer
Охридските плажи можат ова лето “вода да им носат”. Тињата и плевелот се препокриени со над 400 кубици најубав жолт песок, донесени се нови модерни лежалки, како оние на Копакабана, шанкови на плажа. С¢ е според европските стандарди за летен туризам. Нема ниту еден прикрпен објект, нема повеќе импровизации од винкли, железа, јажиња, трски, тер хартија и најлон...


....Обавезително посети .... WWW.PRESPASKY.COM

Пари..

Истапшано на сабота, јуни 23, 2007 од страна на howitzer




Парите се извор на секое постоечко , замислено , посакано и незамисливо задоволство. Кој не мисли така , се лаже прво себеси , го лаже својот закржлавен мозок со`се сивите ќелии , ги лаже луѓето и нека јаде говна. Прво синтагмата “Не е се во Парите“ е измислена од сиромаси кои немале леб да јадат некако преживувале ама сепак се снаоѓале до крајот на месецот , кој нива кој садел кој крадел. Синтагмата “Не е се во Парите“ е еднакво пропорционална на онаа “Љубовта постоела во времето на комунизмот за да ебе без пари народот“ , луѓето се залажуваат себеси , се тешат со тие неколку реда зборови со цел да се помират финансиските недостатоци во нивниот мизерен буџет. Еве уште една ако може да се нарече синтагма , или нека ме поправат оние лингвисти кои го тупат и читаат блогови “Парите го вртат Светот“ , токму така , секојдневно во еден полн круг на нашава планета се вртат околу 23,9 трилиони долари (буџетот на сад е 23) а колку е тоа ...
23 000 000 000 000 !

Ок. Ајде вака да почнеме , за оние кои што “Не е се во Парите“.

Пари. Егзистенција
За да преживееш ти требаат пари. За да преживееш ти треба исхрана која треба да ја купиш со пари. Значи исхрана=пари (освен ако не садиш , ама пак треба семе со пари да купиш). За да собереш пари треба да работиш 24/7 или 24/5 , значи труд=пари. Материјално задоволство се сведува на целосна потреба од финансии , материјални потреби=пари. Љубов , секс ..итн , љубовта не прави среќни , сексот задоволни . За да бидеме задоволни во љубовта и сексот мораме да се социјализираме со спротивен пол или да платиме курва , и без пари да е курвата мора да и дадеш или цигара или кафе а за тоа треба пари , зашто ако немаш пари неможеш да излезеш од дома ... љубов , секс =пари. Од тука .. немаштијата не прави несреќни , без разлика колку сме заљубени и задоволни , затоа што парите се секојдневна потреба како тоалет хартија , значи немаштија=несреќност и незадоволност со искључок на нервози и пропратни психолошки проблеми. Среќни не прават некои работи во кои не се вклучени парите , ама пак делумно играат и они голема улога. Среќа=Пари (делумно). Здравје , за да бидеме здрави мора да се исхрануваме здраво , да не се нервираме и да живееме без грижи .... исхрана=пари ... здравје=пари. И сето тоа е еднакво на :





Преживување=Пари
Исхрана=Пари
Труд=Пари
Материјални Потреби=Среќа=Пари * Се што сте створиле од материјална страна.
Љубов , Секс=Пари * Колку и да одрекувате се тешите и се залажувате.
Немаштија (Без Пари)=Несреќност или “Не е се во Парите“
Среќа=Пари * Делумно.
Здравје=Пари

Значи: Луѓето живеат за да заработат , за да можат да пре(живеат)


Во принцип се`се сведува на финансии , останатиот дел се оние самосебни тешачи кои се залажуваат врз основа на некои зракопрцни синтагми дека не се сведува на пари и дека секојдневните негови потреби и задоволства се вон финансиска потреба.
СЕ е сведено на финансии во денешно време , па и порано , останатото е само дел од оние бесплатни моменти кои ги имаме. Со искључок на оној посебен тертип на луѓе кои постојат во светот и кои живеат по манастири.

А за оние кои не е така имам прашање:
Ако не е се во парите , и ако не ве прават среќни , зашто тогаш се трудите да заработите што повеќе или би се труделе за да се покачат вашите месечни финансиски примања ?
Дали сите оние работи кои би можеле да ги купите , видите и посетите во светот би ве направиле среќни ?

Изоставив многу ама ај.
Кој сака да ме убедува нека не коментира. Да Врска Неам.





Факт е...

Истапшано на среда, јуни 20, 2007 од страна на howitzer
...дека цела нација е позерска , и "трендовска" со наметнат бугарски стил.  Вклучувајќи и мажи и жени. И се што успева да вдише од овој воздух. А уствари тешка багра сме , клошар до клошар , чобан до чобан ,  и они самите знаат само не сваќаат. А за понежниот современ пол во скопје ... зар треба ли да продложам ?

Матури , полуматури , или да речам разуздени кобили со изговор , матура ми е ќе се откачам.

Истапшано на четврток, мај 17, 2007 од страна на howitzer



Откачи се и никат да не се закачиш од кај што си се откачила , него да се закачиш тамо кај што нетреба да се закачиш. Младинава наша се откачила , така навестуваат на временска прогноза , односно метеорологот здраве од неговата хидрометеоролошка станица , кој според рихтер скалата мерилото отишло преку своите граници односно и оно се откачило , фарадите се споиле со целзусот , влажноста рипнала со тенденција да ги намокри сите матурантки за матурско вече , а со изузетно мал број на хектопаскали и точка на кондензација владее сушата во половите краишта на мажите.


Леле бе од увек ми било фетиш да бидам метеоролог.
Онака утре , светот ќе отиде у курац , задутре ќе не ебат ванземљани , некни не ебеше сдсм , денес нашиот јужен сосед ни го спопика како ортез на џејна џејмисон и наеднаш ослабе џејна. И на крај одјава со шпица и јас со ремоутот покажувам на 3д релјеф картата кон мајчинските извори на илина и ратка.

Матурско вече охх , тоа беа матури и тоа матури со сите почести сите перипетии , спој на хармонија и љубов , вода и земја , шопска и ракија , јас и ќерката на трамп.


Факт е дека денеска , наспроти откачената младина се поретки се оние забави и испраќања на матури , не е како што беше во мое време , денеска превише се алудира на шминка , кич и сите оние пропратни работи и гадџети. Во мое време се знаеше кога доаѓа матура купуваш гардероба некоја не многу скапа добри патичиња и тераш. Кој како по дома ќе прослави и ретко кој како беше пијан на доаѓање. Ќе се соберевме цел клас и влагавме у хотел , ќе не сликнеше тој со апаратот за сефте и почнува забавата нормално. Културен начин да се прослават сите оние денови поминати заедно во клупите и надвор од нив , денови поминати во слога и дружба и пијанство , добро и зло. Начин на кој во ретко кои други општества и земји се прославува. Секако неизбежна е плех музиката во средното школо после вечерта , ихх тоа е мислам најдобриот дел од матурата. Абе , како во сите нормални земји кај што живее нормален социјализиран народ во урбани услови без никакви попречувања.


Денес бе брат. Денес ухх како да се изразам разуздени копита и кобили , жврљотина , безкичмењаци , леснодушни , суета суета , его его. Поминувам пред некој ден во ГТЦ , што да поминам , кај поминав кај си ебав мамата, тоа беше збир галиба велигден пред соборна. Луѓе луѓе кој треба кој не треба , ќоро , сакато , невино , ќеси , торби , вреќи , колички МАСИВНО купување , разбирам идат матури полуматури ама до волку бе ?


Такви дрољички дотерани , со наочарчиња лупнати деколтиња сред бел ден , сатен панталона и у ШЕТЊА хахаха , и не гледаат пред себе , ахахах чекорат ВЕЛЕЛЕПНО небаре кетволк на писта , ГАЗАТ се пред себе. Испокупиле гардероба , која од која поскупа , симнати од модели и на излог. Ама ги разбирам до негде , такви очајни за кур , ама само да го гледаат , без пипкање.

Во времето на моја генерација , једва кој имаше дигитален апарат , не се ни сеќавам некој да имаше , мобилен ? каков мобилен бе тоа беше реткост , да не спомнувам и камери на мобилни. Сега , ден денешен среда најголемиот шупак има мобилен со камера и апарат. И сето тоа се злоупотребува , клипови , порно , пушење , лупање од плочки , давење во вода , абе им се оствариле соновите , и после мајки кукале за ќерките.


Абе тоа , телефони , камери , камкордери , ајподови , мп3 плеери , и најмалото парче оптика треба да им се конфискува.


Денешнава младина па и постарово што е , незнаат бе брат да се забавуваат , знаат само на МРТВО , или мора да се во главната шема , ВИП да се , позерај. Никој веќе не игра во диско , никој веќе не праи муабет во диско , на овие им е страв да им се пуштат за да не бидат понижени од дрољиве скопски. Социопати на секој чекор , ментално пореметена психа , која води кон губење на идентитетот , пола од скопскиве позери немаат идентитет , за да имаш ајди треба да си различен од другите со друго однесување , овие се копија на , на непостоечки лик , него наметната култура и социјализација , некоја нова иновативна култура на ќутење и следење на околината со поширочки наочари и стрго љута фаца.


Сума сумарум матурско вече иде , а децава осеќам ќе си го ебат векот , ќе испаднат клипови со експлицит контенти , некој ќе изгуби невиност некој ќе се издрогира , некоја трудна ќе остане , добро простено е , матура им е на децата. Едноставно , не знаат да си ја направат вечерта убава без да се окозат од пиење и што не друго.

Стејт оф Хај Фајв ww.Hi5.com

Истапшано на четврток, април 26, 2007 од страна на howitzer


Од каде да започнам уфф. Њухот го немам веќе.

Онлајн дејтинг , не само дејтинг и запознавање на нови личности од спротивен пол или па од ист , кој како е ориентиран или неинформиран. Во денешно време на информатичка не-до-развиеност во нашава бедна државичка дојде до тоа дереџе да секој бедник може да си дозволи интернет. Не дека интернет е лоша работа , напротив супер е да имаш интернет , ама да се резбереме не е за секој. Кога лобирав да се прават некои ултра лајт тестови пред да се стави интернет во секој дом , ме направија скренат , и после дошло до чајлд малестинг , рејпинг , мањачење , дркање на слики и правење бербат по тастатура. Плус сеа со он.нет ова Wadsl авантуриве + 1748 села можеле да имаат нет според нив , мислам дајте.

Get connected with hi5. – Слоганот на месијата.

Феноменот наречен hi5 ( со`се play caffe , insomnia ) според мене треба да се укина , запали , да изгори до последен атом , а врз пепелта да се помочаат циганчињана на семафорите крај соборна , и со ќеф да му дадам 10 денари , мада и тоа им е малку , напредуваат и они само во друга насока.

Гадното копиле hi5 е најпогана работа која се случила на македонскава мрежа , после војната во 2002. Не дека имам лошо искуство , напротив имам пар добри искуства , него ете во последно време ... изминативе година дена се реинкарнираше во штаб на сдс , метафорично кажано ради активисти на сдс по интернетов , ќе неможам после работа да најдам ако ме дознаат.

Портал ко портал , дејтинг зазема големи размери кај нас , ама тие размери одат во ирационалност , до душа не е веќе дејтинг , него изживување на педофилни мултипликатори , преминување на сите граници на нормално однесување и комуникација со спротивен пол. Абе серпетински стихови! Знам ми текнува на времето такви сајтови беа револуција човече , климакс , врх врхова , па фино лепо се регистрираш напишеш каква е твојата интима , какви девојки обожуваш и почињаш да комуницираш бре на најкултурен начин исто како во секоја нормална земја со нормална младина и мнозинство на млади девојчиња. Според мене а и според многу мои истомисленици по селава на интернет , не е веќе тоа што беше , а и не само на нет , него истото се случува и во вистинскиот живот , ја нема онаа комуникација помеѓу два спротивни пола , оној разговор , сега и половите се испомешани , триста називи за сексуалноста па и погрешно да бидеш сфатен!

Завзеде големи размери , сега без мобилен и без профил на hi5 не си во позерските кругови , дури и оние шоу офф фаци на ул.македонија и кеј имале профили , али тоа не обични профили него и таму имало посебни места за дружење , групи наводно , супер профили , одделени од мнозинството на обични луѓе со интернет , нивниот бил супер-позерски интернет. Еве еден апел до мт-нет и он.нет да направат пакет за тие посебни позери , етаблирани личности , наводно веќе докажани во скопската шема која трпи големи измени , “супер брз позерски интернет , пронајди го позерот во тебе и напрај услуга на општеството , ОТРУЈ СЕ”. Колку што можев и имав можност да искусам , сајтот е прилично говно во ликвидна состојба , за тоа потоа. Располага со голема датабаза на податоци , односно може да собере говна од цел свет , од различни ќенефи во светот , вклучувајќи го и нашиов ќенеф. Она што беше нормално отиде у курац , а она што не беше нормално не се регистрираше , зашто да се регистрираш треба да си нормален , е сеа сите тие нормални демек ги споебаа овие ненормалниве и направија профили , док кучката не мрдне со опашот ...

Hi5 нуди прилично повеќе можности , како една од тие е да налетате на психички случај како што се случува во повеќето случаеви , ментално-скрената особа со навидум неколку дефекти со тенденција да прераснат во деформација на карактерот и очигледно губење на разумот и сите критериуми за потреби. Научив едно златно правило , она што ви изгледа забегано од сите можни аспекти , на крај краева излегува како најнормално суштество со најнормални потреби , а пак она што ви изгледа нормално излегува како еден ноќен кошмар во кој нема будење .....фреди кругер и hi5... па тука крвоини , нож у грб , вадење на џигери , непреспиени ноќи, лечење на туѓи комплекси , бокс у пичка итн. На прв поглед изгледа user friendly , но нека не ве залажува изгледот, зад него е скриено едно проклетство , проклетство од големи размери , размери големи на оние катастрофи од земјотреси во Кина каде што потрупува преку 5000 народ , само што овие регистрираниве на hi5 не се свесни дека се потрупани и дека им е ебен векот за век и веков.

На почеток ви се појавуваат оние поп-ап блокери на експлолерот што ги имате , зашто клетникот има безброј поданици , кои шират чума! Да речеме сте се регистрирале , потоа знаете како идат оние работи , слики , што ти се допаѓа а што не , па ти поставува прашање дали пушиш , дали пиеш итн. А секако фали онаа опција каде што кога ќе се впуштиш во потрага по вашата женка/мажјак го нема она дали барате луѓе што се пушач/непушачи , алкохоличари , дрогиранти...итн него само БАРАЈ бе брат , БАРАЈ ако си немаш друга работа , роварај по курабиине со ментално попречени функции за нормално размислување. А да , ставена е и опција односно твојата моментална состојба , дали си сингл или дали само си играш курот на интернет и една пиздарија звана COMMITED ... добре бе дрољи ќорави со ментално пореметување кој кур се регистрирате кога имате ЕБАЧ , сакате само да нервирате ли , или па не ви е доволен па сакате ДРУГ КУР ?? И оттука изјавата , дечко јас си имам дечко не разговарам со други ми стаил фереџе и само во неговиот кур смеам да гледам. Фино лепо бе , не се регистрирај , се знае за што е проклетијата напраена , ама не бе , таму и биле другарките па се собирале си оставале коментари меѓусебно од типот на ....ЛЕЛЕ МАЧЕ СРЦЕ СИ ИСПАДНАТА .... а пак оваа ставила слика ....ПОЗИРАМ НЕ МЕ ГЛЕДАЈТЕ....и одздола чопор на хиени кои се мањачат на сликите и изживљаваат на самите нив , со некои такви кретенски изјави галиба биле во златен сремец на рехабилитација. ФЕТИШ! Ејжан порн!

Тоа што беше добро умре , а тоа што остана заболе од венерична болест и ден денес се мачи. Нема веќе нормална девојка , и да има реткост е , а и таа има некои болни фантазии , свои тези и хипотези кидди порн. На секакви сум налетал и на интелегентни девојки , и на грди , на топ модели , на лесни души свашта.

После макотрпното барање на проклетијата , да речеме ќе најдете некоја девојка , според ваши критериуми за физички изглед ги исполнува сите норми. И вие фино лепо кликате такви целите возбудени сте нашле топ цура леле викате сеа и ебаф мамето. И се отвара нејзината страна...се вчитува... и кога ќе се отвори , што да се отвори ... ставила некои срања брате мили некои позадини такви гомнарии , кич работи , паѓаат звезди одозгора , срценца , се топи снегот , а она позира у лев ќош на мониторот ваш , испомешаност на бои , невкус ама баш во буквална смисла на зборот и неговото полно значење , ставено розево со нијанса на црвено-тиркизна па се прелива во блур плаво со шит фејд , а тебе ти го кочи компјутерот сече брат и дуал кор да имаш со 2 гига рам , ама ако , за пичка и тој нека рикне. Тие кретените што ги спомнав прееска , па оставиле некои такви коментари на профилот од страна , абе џанам големина како на СВЕТЛЕЧКА РЕКЛАМА како оние на ЖС-Скопје и испишано на нејзи со такви 3д букви YOU ARE SWEET! Патетика.

И кога стапуваш во контакт со нејзе имаш некој осеќај дека не е во ред , и дека не е тоа што треба да биде , како што било на времето. Едноставно не си во тие кругови каде што треба да бидеш виден , да позираш , јас еве навистина тој феномен не можам да си го објаснам нит сум можел , имам некои тези ама ништо. Копираат некои селебрити личности , копираат фолк пеачки , некоја мода на бели патики , џастин фазон , не-оригиналност , плагијати до бескрај и наеднаш сето тоа навидум е добро.

Ни девојкиве веќе нит слика даваат , нит некоја програма за чат , ништо дури страв им е што ќе ти вратат на пораката , и се тоа по заслуга на оние ГОВНАРИ СО ИНТЕРНЕТ , оние фетиш идиоти кои што интернетот го сваќаат како место за играње курташак со општеството , каде што дркаат на велико.

Сума сумарум такво е како што е нит јас нит вие можете да го смените , крива е достапноста на интернетот во нашата држава за секого. Тоа е најголемата грешка... ама тоа било образование , тоа било супер за децата наши. Супер а ? Епа ете снимаат порно клипови уште во основно , средно и после мајките пателе од шеќери и притисоци , ги имало ќерките нивни по весници. Не го бива секој за се , како што мене не ме бива за електрика и автомеханика.

Во последно време налетав на еден наш друг сајт сличен на hi5 проклетијата , ама овој е умерен , само што и таму има сељачаана од насекаде низ македонијава кои се фетишат.

www.hi5.com